ЈП „Охридски комуналец“ по вчерашното невреме со активности за расчистување на градот. Подигнати беа соборените дрвја на неколку локации во градот. Воедно, беа расчистени и дивата депонија од кабаст отпад и градежен шут на потегот во населбата “Свети Стефан”, како и дивите депонии од кабаст отпад во населба “Далјан”.

Во пресрет на манифестацијата “Вечер на Живко Чинго”, беше исчистен и манастирскиот комплекс “Света Петка”, а продолжува и двосменско чистење и подигање на отпад од плажите.

 

OhridNews