Повторно отпад на повеќе локации на јавните површини во Охрид. Од ЈП „Охридски Комуналец“ посочуваат дека никако не се надминуваат проблемите со кои секојдневно се соочуваат во однос на несоодветното одлагање на отпадот.

И ова утро многу локации со расфрлан најразновиден отпад (кабаст и зелен отпад, картони, пластика и градежен шут) околу контејнерите и јавните површини по улиците „Никола Карев”, „Булевар Туристичка”, „Егејска” „Галичица” , „АСНОМ” ,„Ариф Мустафа” ,„Питу Гули”, „7-ми Ноември” и др, информираат од претпријатието.

Повторно упатуваат апел да се почитува комуналниот ред и динамиката на подигнување отпад, а за секоја потреба која ја имаат граѓаните за депонирање на кабаст и зелен отпад и градежен шут, како и пријавување на случаи на несоодветно депониран отпад и создавање на мини-депонии, достапен е дежурниот телефон 075-495-428 секој ден во неделата од 07.00 часот до 21 часот.

OhridNews