Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ со вонредни активности за одржување на јавната чистота. Спроведено беше генерално чистење на ул.„Железничка“ и ул.„15-ти Корпус“.

Темелно се расчистуваа тротоарите, просторот околу тротоарите, граничниците од коловозите и делот помеѓу двете сообраќајни ленти. Отстранети се наносите од песок и земја, ниската вегетација и подигнат е расфрланиот отпад, велат од претпријатието.

Расчистена била уште една мапирана дива депонија во близина на с.Велгошти.

Подигнати се и големи количини тешко разградлив отпад и сува трска од водите на Охридско Езеро во близина на Холандски Парк, додаваат од претпријатието.

OhridNews