П Р А В И Л Н И К
за покривање на предвремените парламентарни избори 2016 година на интернет порталот OhridNews:
1.Ohridnews за време на изборната кампања ќе ја задржи препознатливата објективност и ќе остане политички неутрален. При известувањето од изборите во информативниот блок, редакцијата на Ohridnews ќе обезбеди рамноправен третман на сите учесници во изборната кампања, а во изборното рекламирање, вклучително и објававување на содржини поврзани со изборната кампања во било која форма (соопштение, настан, прес конференција), ќе ги третира само субјектите кои ќе закупат рекламен простор за реализација на изборна кампања.
2.За време на изборната кампања OhridNews бесплатно, ќе информира за изборната постапка и ќе презентира исклучиво информации од јавен карактер поврзани со изборите. Информациите од Министерството за правда, МВР, ДИК и другите надлежни институции задолжени за спроведување на изборите ќе бидат објавувани во рубриката соопштенија или преку новинарски извештаи во блокот вести. OhridNews избалансирано ќе информира од собирите на политичките партии и другите учесници во изборниот процес (митинзи). Сите останати форми на медиумско претставување, вклучително и прес конференции, соопштенија, реакции, известувања и други видови презентации на политичките субјекти вклучени во кампањата истите ќе можат да се користат за сопствена промоција во делот на платеното политичко рекламирање.
3. На сите учесници во изборната кампања OhridNews ќе им овозожи платено политичко рекламирање под подеднакви услови, согласно официјалниот ценовник за платено политичко рекламирање на претстојните избори, кој ќе им биде доставен на учесниците во изборниот процес. Платеното политичко рекламирање ќе се емитува во посебен простор предвиден за таа намена, јасно обележан и одвоен од останатите содржини, согласно законските прописи.
4. Предност во избирање на простор за рекламирање и поставување на банери и други рекламни содржини во делот за платено политичко презентирање, ќе имаат субјектите кои први ќе склучат договор со OhridNews.
5.За време на изборната кампања редакцијата ќе се труди дневните информации, вестите и извештаите за изборните случувања да ги објавува навремено и непристрасно. Учесниците во кампањата ќе имаат право на демант, бесплатно и во најкус рок, само на објавените информации од и на интернет порталот „www.ohridnews.com“.
6. Согласно законите и пропишаните правила, за време на изборната кампања нема да се објавуваат информации за активностите на претставниците на државните органи и институции, на органите на локалната самоуправа и на други јавни личности, што се во функција на изборната кампања, а не се најавени како такви.
7. OhridNews нема да објавува вести, информации, соопштенија и реклами кои поттикнуват верска, национална или друга нетрпеливост и повикуваат на насилно уривање на системот и бојкот на изборите. Исто така нема да се објавуваат информации, фотографии, видео и аудио записи кои се однесуваат на деца помлади од 14 години.
8. Во периодот на избори редакцијата на OhridNews ќе се воздржи од коментари, освен во случај на флагрантно кршење на изборните правила. Во тој период нема да се објавуваат колумни и писма на читатели кои се однесуваат на изборната кампања и учесниците во неа.
9. Согласно начелата за професионално и непристрасно известување, OhridNews им забранува на своите вработени и надворешни соработници било каков ангажман во изборната кампања.
Заинтересираните политички субјекти за изборно рекламирање на најпосетуваниот интернет портал во регионот за информации околу реализација на кампања на OhridNews можат да се обратат на следната e-mail адреса: [email protected]
OhridNews