Најголем дел од ресурсите кои се користат за водоснабдување на градот Охрид и околината се од подземни води, велат од ЈП „Водовод“ Охрид по повод Светскиот ден на водатата кој оваа година се одбележува под слоганот „ПОДЗЕМНИ ВОДИ – НЕВИДЛИВОТО ДА СТАНЕ ВИДЛИВО”.

Како што климатските промени се влошуваат, подземните води ќе стануваат се покритични затоа треба да работиме заедно за одржливо управување со овој скапоцен ресурс. ЈП Водовод Охрид како претпријатие кое е основано за производство, обработка и дистрибуција на чиста вода за пиење и во иднина ќе продолжи со инвестирање во нови капацитети (бунари и каптажи) со цел подобрување на квалитетот во водоснабдувањето, потенцираат.

Подземните води можеби се надвор од видното поле, но не смеат да бидат надвор од умот, порачуваат од претпријатието.

За водоснабдување на Охрид се користи подземна вода преку бунари (копани, дупчени, бунари со хоризонтални дренови или т.н. рени бунари) и преку зафаќање на водата од изворите со каптирање и пумпање, потенцираат од претпријатието.

Потсетуваат дека ЈП „Водовод“ Охрид за водоснабдување користи подземна вода преку дупчени бунари и тоа два бунара во с.Орман, по еден во Долно Лакочереј и с.Вапила и три изработени бунари во бунарското поле Студенчишта, велат од претпријатието

Изворите што се каптирани, велат, се Билјанините Извори, Беј Бунар, системот Летнички Извори (опфаќа два летнички извора и изворите Поник и Беглиште), Св.Илија во с.Велгошти, изворите Ливајца и Горна Лелешница во с.Лескоец, Банич во с.Долно Лакочереј и изворите Белков и Чочков Извор во с.Љубаништа, додека со пумпање од извор се користи водата од изворите во Св.Наум која што се користи за водоснабдување на с.Љубаништа.

OhridNews