Јавното претпријатие го преземав со прилично висока сума на долгови во износ од 5,2 милиони евра. Состојбата со струјата е дополнително нешто што ЈП не може да го издржи како сума на средства кои треба да ги одвојвува за електрична енергија, изјави во емисијата „Напладне“ на OhridNews директорот на претпријатието Марјан Ристески.
Побарувањата остануваат, заради законските прописи во нашата држава можеби не можат да бидат исклучени пумпните станици, но овој долг некој во иднина треба да го плаќа. Треба да се бараат начини за санирање. Имаме некои насоки, но се е на најава, додава Ристески.
OhridNews











