Томе Пачовски го одбележа натпреварот во Струмица, успевајќи да скроти еден од двата удари од белата точка. Пачовски вели дека атмосферата е на највисоко ниво, а играчите се расположени  и извонредно мотивирани за овај натпревар.

– Против себе имаме одлична репрезентација која сигурно ќе бара реванш за поразот од пред неколку години, но и ни дава можност да потврдиме дека резултатите од претходните средби не се случајни. Очекувам сигурно да имам многу повеќе работа од средбата со Канада , но верувам дека во одбраната ќе бидеме добро организирани и нема да дозволиме да примиме гол. Добро е што нашата федерација ни овозможи да дојдеме порано во Техеран , да се одмориме добро, да ги одработиме тренинзите во нови услови и на тој начин поподготвени истрчаме на огромниот стадион “Азади“ – вели македонската “единица“.

ohridnews