Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во февруари 2012 година, во однос на февруари 2011 година, бележи пад за 8,8 проценти. 
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2012 година, во однос на февруари 2011 година, бележи опаѓање од 15.7%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 8.5%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 7.9%. 
Според главните индустриски групи, производството во февруари 2012 година, во однос на февруари 2011 година, бележи опаѓање кај енергија за 14.6 %, интермедијарни производи, освен енергија за 9.3%, Капитални производи за 18.2%, трајни производи за широка потрошувачка за 19.8 % и нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.5%.
OhridNews