Во пресрет на пријателскиот дуел со Турција и квалификацискиот со Шпанија, фудбалската репрезентација на Македонија назадуваше за три позиции на ФИФА листата. Во дуелите со овие две репрезентации Македонија ќе влезе од 136. позиција на ФИФА листата.

Од противниците на Македонија во квалификациите за пласман на Мундијалот во Русија, најдобро е рангирана Шпанија, на десеттото место, а потоа следуваат Италија (12), Израел (55), Албанија (66) и Лихтенштајн (186).

Кога станува збор за селекциите кои се во Топ 10, лидер е Бразил, а по него следуваат Аргентина, Германија, Чиле, Колумбија, Франција, Белгија, Португалија, Швајцарија и Шпанија.

„Макфакс“
OhridNews