Фудбалската репрезентација на Македонија забележа пад од една позиција и сега е 65-та селекција во светот, според најновата ФИФА ранг листа за месец март.


Избраниците на Мирсад Јонуз се престигнати од Иран кој оствари напредок од четири позиции, а сега се пред Белгија и зад Канада.

На врвот на листата, Шпанија останува прва со 1602 бода, или 13 повеќе од Бразил кој и натаму е втор. Следуваат Холандија на третото место, па Португалија која ги помина Италија и Германија. Меѓу првите десет пласман имаат и Англија, Франција, Аргентина и Хрватска.

Од репрезентациите во нашата Б група од евро-квалификациите, Русија е најдобро пласирана, на 12 место, а потоа следуваат Словачка која е 33-та и Ирска на 44-та позиција. Послабо од нас пласирани се Ерменија (106) и Андора (201).

Ohridnews