Гранка од дрво вчера се струполи на паркиралиштето на улицата „Македонски просветители“, наспроти Основниот суд. Не успеавме да обезбедиме информација дали гранката паднала сама од тежина или била презена некаква интервенција и дали е предизвикана некаква штета, со оглед на тоа што на паркиралиштето на оваа прометна улица во лето се бара место повеќе.
Ова не е прв пат да се паѓа гранка од дрворедот на улицата „Македонски просветители“. Пред неколку години исто така во близина на основниот суд се скрши голема гранка од дрво во момент кога тука поминувале минувачи, но за среќа во инцидентот никој не беше повреден.
Падна гранка на „Македонски просветители“