Претседателот на Бугарската фудбалска федерација Борисав Михајлов е првата жртва после расистички навреди од бугарските хулигани кон репрезентативците на Англија на вчерашниот меч кој се одигра во Софија. Мечот во два наврати беше прекинуван па продолжен, а расистичките испади ги осудија сите.

Михајлов позитивно одговори на прозивањето од премиерот Бојко Борисов кој побара оставка од функцијата прв човек во бугарскиот фудбал.

  • Поднесувам оставка од функцијата за избегнување на понатамошни тензии. – стои во кратката изјава од Михајлов.

Неговата оставка треба да ја прифати Управниот одбор кој закажал итна седница в петок.

Англичаните пред одигрувањето на средбите со Чешка и Бугарија се заканаа дека ќе го напуштат ако слушнат од трибини расистички навреди. Репрезентативците го одржаа зборот, а само проади фудбалерите на Бугарија кои вложија максимални напори да ги смират навивачи се предомислија и го одиграа натпреварот кој го добија со 6-0.

OhridNews