Снегот кој паѓа без прекин од синоќа предизвикува проблеми во сообраќајот и оштетувања на инфраструктурата во градот. На ул. „Абас Емин“ вечерва падна улична светилка, но за среќа без последици по луѓето и материјалните добра.
По пријава на граѓани дежурна екипа на компанијата задолжена за одржување на уличното осветлување ја исклучија светилката, а се работи на нејзино враќање во првобитна состојба.
OhridNews












