Од утрово на корисниците не им се достапни услугите на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм и Ватсап. Се работи за глобален проблем, бидејќи пријави за проблеми доаѓаат од целиот свет.

Британски „Сан“ пренесува дека се работи за голема системска грешка, но засега не се соопштува точно за каков проблем станува збор.

Милиони корисници низ светот својот револт од паѓањето на Фејсбук, во чија сопственост се Инстаграм и Ватсап кои исто така не работат, го искажуваат на Твитер.

Голем проблем овие социјални мрежи имаа и пред околу еден месец, кога дел од нив во делови од светот беа недостапни речеиси еден ден.

OhridNews