Услугите на Гугл денеска кусо време не беа достапни и тоа влијаеше на голем број корисници во целиот свет. Меѓу услугите што беа нарушени се – Gmail, пребарувачот Google, YouTube и Google Maps.
Полчасовен пад на системот за апликации на Гугл низ целиот свет, вклучувајќи ја и електронската пошта и документи, предизвика голема загриженост кај милијарди луѓе и огромен број компании, јавува Би-Би-Си.
Прекинот почна во текот на утрото во Велика Британија, а корисниците ширум светот пријавиле проблеми со сервисите и апликациите на Гугл. Според Би-Би-Си, многу поединци и компании за своите основни апликации за работа се потпираат на сервисите на Гугл, како што се е-поштата и календарите.
Засега нема официјална реакција од Гугл за падот на сервисите.
Ваквите дефекти во системите на Гугл се ретки, иако проблем со некои сервери и во јуни 2019 година им предизвикаа тешкотии на корисниците во САД. Во овој случај, виновникот беше промената во поставките на серверот што требаше да се примени на неколку уреди во одреден регион, но тој случајно се применил на многу повеќе, наведува Би-Би-Си.
OhridNews