Снегот кој речиси без престан паѓа со часови предизвика проблеми во одвивањето на сообраќајот во Охридско – струшкиот регион. Според информациите од 22 часот, забрана за движење на тешки товарни возила има кон превоите Пресека, Стража и граничен премин Ќафасан.

-На овие патни правци е дозволено движење на патнички автомобили само со зимска опрема. Патот кон граничниот премин Св.Наум е прооден и нема забрана. На магистралниот пат Охрид – Кичево на потегот Климештани – Ботун имаше паднати дрвја на коловозот, кои се отстранети од екипи на Македонија пат и полициски службеници од СВР Охрид. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Влажниот и тежок снег предизвика проблеми и во Струга и струшко, каде снежната покривка е повисока. Од тежината на снегот паднати се повеќе бандери, поради што надлежните апелираат на внимателност.

OhridNews