Паднато дрво на патниот правец Охрид – Кичево, во близина на селото Ботун, општина Дебрца, го попречило движењето, поради што сообраќајот е во прекин. Информацијата ја потврдија од Општина Дебрца.

Според првичните информации, во моментот на паѓањето на дрвото, на овој дел од патот се движел автомобил кој излетал од коловозот.

Повредените со возило на Итната медицинска помош биле пренесени во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид. Според истите информации, тие се во стабилна состојба.

Засега нема потврдени детали за бројот на повредени и околностите под кои се случил настанот.

OhridNews