Десетина дена никој не го отстранува паднатото дрво на патот позади ОУ „Св. Наум Охридски“ во Трпејца. Жителите на Трпејца велат дрвото е паднато по невремето кое го зафати Охрид со силен ветер пред околу десети дена и се прашуваат како досега никој не дојде истото да го отстрани.
Паднато е на самиот пат, оттука поминуваме со возилата. Незнам дали досега има некој пријавено, но како досега никој од службите немаат реагирано да се отстрани истото, вели жител на Трпејца.

OhridNews












