Специјалното возило Пајак, деновиве, вредно работи заедно со екипите за зимско одржување на патиштата. Ги отстранува возилата чии сопственици очигледно не се информирале дека во периодот од 9 до 12 часот на сила е нов сообраќаен режим, согласно кој е забрането паркирање на булевар „Туристичка“, на улицата „Македонски просветители“ од „Охридска банка“ до кружниот тек, „Димитар Влахов“, „Партизанска“, „Јане Сандански“, „Гоце Делчев“, „Питу Гули“ и „7-ми Ноември“.


На улиците каде се применува новиот сообраќаен режим, а со цел непречено чистење на улиците од снег, во периодот од 9 до 12 часот, возилата се отстрануваат со „пајак“ и се пренесуваат до најблиското место, а сопствениците на подигнатите возила треба да се обратат до Полициската станица каде ќе добијат информација каде се наоѓа нивното возило.

OhridNews