За Стара Нова година – Василица, лајанс клубот „Лихнидос“, донираше пакетчиња за децата со интелектуална попреченост кои се згрижуваат во центарот „Зраци“.
– Покрај вниманитето, целта ни е да ја потсетиме јавноста дека овие деца се дел од нашето општество и дека е повеќе од потребно тие да се вклучат и интегрираат во него. – истакнаа од ЛК „Лихнидос“.
Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост „Зраци“ е втор дом за социјализација на лицата со пречки во интелектуалниот развој од Охрид. Овој центар кој функционира околу 16 години во голема мера ја олеснува обврската на семејствата околу згрижување и чување на овие лица.
Во оваа установа со осумчасовен дневен престој се згрижени петнаесеттина лица на различна возраст, кои имаат тешки или умерени пречки во психичкиот развој.
OhridNews