Со маестралниот погодок во 87-та минута Родриго Паласио донесе победа за Интер во градското дерби против Милан 1-0. Иако „росонерите“ беа подобар противник „Сан Сиро“ го напуштија со наведнати глави.

– Ја заслуживме победата која понатаму ќе ни донесе поголема самодоверба бидејќи победи против Милан се секогаш важни. Сега можиме да уживаме во божиќните празници и после нив да се вратиме уште посилни. Ова е прв и најзначаен погодок во натпреварите со градскиот ривал и им го посветувам на сите навивачите на Интер – рече Паласио.

Аргентинецот во седмиот натпревар за Интер против Милан прв пат ја начнува мрежата, а тој погодок се покажа вреден три бода за „нероазурите“.

Мх.П.