Непознати сторители од дворот на колективна зграда на булеварот „Туристичка“ деновиве украле палма. Необичната кражба се случила во вечерните часови. Дрските разбојници ја откорнале палмата која 8 години го красеше паркот пред зградата и ја однеле во непознат правец. Жителите од зградата со неверување гледаа на местото каде до неодамна растеше украсното дрво, прашувајќи се кој и зошто го извршил овој вандалски чин.


Палма украдена од двор

OhridNews