Четириметарски влакнести палми деновиве се засадени и во Струга, во рамки на проектот што го реализира ЈП „ Македонски шуми“.
Палми се засадени во паркот пред зградата на општината, како и на повеќе други локации во градот.
Околу 200 палми деновиве беа засадени и во Охрид.
Проектот палми во Македонија започна да се реализира во ноември 2013. Предвидено е да се засадат вкупно 1100 четириметарски влакнести палми, најголем дел во туристичките центри Охрид, Струга, Преспа, и Дојран.
OhridNews