Кошаркарите на Панатинаикос изборија настап на фајналфор турнирот во Евролигата откако во решавачкиот петти натпревар на домашен паркет во Атина го совладаа синоќа Макаби од Тел Авив со 81-72 (19-21, 22-20, 17-15, 23-16) и славеа во четвртфиналната серија со 3-2.

Во неизвесен натпревар, Кендрик Нан беше убедливо најдобриот играч на домашната екипа со 26 поени, четири асистенции и пет скокови. Костас Слукас додаде 15 поени со шест скокови.

Најдобар играч на Макаби беше Лоренцо Браун со 19 поени, седум асистенции и четири скокови.

Претходно, пласман на завршниот турнир обезбеди Реал Мадрид, а денеска се на програмата решавачките петти натпревари меѓу Монако – Фенербахче и Барселона – Олимпијакос.

Домаќин на фајнлфорот, по рекорден трет пат, ќе биде Берлин, кој го организираше завршниот турнир во 2009 и 2016 година.

OhridNews

Фото: МИА/Фејсбук