Македонската фудбалска легенда Дарко Панчев, и акутелен стручен коментатор на Македонската телевизија за мечевите од Европскиот шампионат, за дневниниот весник “Нова Македонија“ даде свој стручен став за финалниот меч меѓу Шпанија и Италија.
Финале меѓу Шпанија и Германија ќе беше многу фудбалски поатрактивно за гледање, отколку ова во кое Шпанците ќе играат против Италија. Очекувам утре да гледаме тврд меч, сиромашен со голови, на кој во преден план ќе биде тактичкото надмудрување.
Овие две школи се многу слични по филозофија, слично играат, со многу цврсти одбрани и малку шанси за гол, претпазливо и секогаш тактички добро организирани. Откако на клупата на шпанската селекција дојде Висенте дел Боске, тие играат многу понеатрактивен фудбал отколку со неговиот претходник Луис Арагонес, со кој го освоија Европското првенство во 2008 година. Со Дел Боске, шпанската игра е многу позатворена и посигурна во одбраната, за што говори и самиот факт дека во нокаут-натпревар немаат примено гол уште од 2006 година. Дури и формациската поставеност е доста одбранбено ориентирана, со двајца дефанзивни играчи во средниот ред, Серхио Бускец и Чаби Алонсо.
Италијанците, од друга страна, многу позитивно изненадија на ова европско првенство. Чезаре Прандели се покажа како одличен стратег бидејќи ретко кој италијански селектор се обидел да креира игра, со прецизни додавања и постојани обиди за постигнување гол. Тој имаше навистина мал избор на квалитетни играчи, но од нив успеа да го извлече максимумот. Му даде слобода на еден Антонио Касано и тој врати со одлични игри, а имаше трпение со играч како Марио Балотели, кој му возврати со голови кога е најпотребно.
Финалниот меч се игра вечерва од 20.45 минути на стадионот во Киев.
На покана на стрелачкиот клуб „Стрелба” од Варна стрелците од двата стрелачки клубови од Охрид-СК „Охрид” и ЖСК „Лихнидос” настапија на Интернационалниот турнир „THE GOLDEN SHOT“, натпреварувајќи с...
ГРК Охрид денес ја пречекува екипата на РК Струга во рамки на второто коло од ракометната Супер лига Ракометарите на Охрид велат се фаворити на овој натпревар и упатуваат повик до охриѓани и навива...
ЈП „Билјанини Извори“ – Охрид по повод Денот на ослободувањето на Охрид – 7 Ноември, по трет пат организира турнир во мал фудбал „Futsal OHRID FREED 2025“, на кој ќе настапат екипи на ј...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.