Бројот на заразени од коронавирусот во САД се брои во стотици илјади. Во земјата само изминатите 24 часа починале над 1.000 луѓе. Најтешка состојбата е во Њујорк. Градот побара помош од илјада лекари и медицински персонал за справување со пандемијата.

И натаму ситуацијата е повеќе од лоша во Италија каде во еден ден починаа 766 луѓе, а над 4.000 се новозаразени. Во Шпанија, пак, од коронавирусот последните 24 часа починале над 900 лица. Рекорден број починати од почетокот на панденијата бележи Франција каде изминатото деноноќие се евидентирани 1.120 жртви.

Според податоците на „Ворлдметер“, кои се ажурираат од час во час, вкуниот број на заразени од Ковид 19 во светот е речиси 1,1 милион, а над 58.000 луѓе починале

OhridNews