Очите на македонската спортска јавност утре ќе бидат впрени кон Амстердам Арената во Холандија од каде се очекува уште едно добро издание на нашиот интернационалец во редовите на Лацио Горан Пандев:
– Нормално дека натпреварот ќе биде извонредно тежок како и во Скопје, бидејќи Холандија е не само најдобриот тим во нашата група, туку и еден од најдобрите во светот. За мене лично ваквите средби секогаш биле голем предизвик да се надигрувам со ѕвезди од типот на Робен, Ван Перси, Хунтелар. Во претходните три средби покажавме дека можеме да им парираме. На последното гостување на Градски имаа многу среќа што верувам овојпат е наш ред – смета Пандев
Холандија по победата над Шкотска четврта во овие квалификации е на чекор до мундијалот но напаѓачот очекува со силна мотивација “лалињата“ да одиграат против Македонија. Според Пандев за нас е најважно да одиграме без терет, слободно бидејќи нема што да загубиме. Добриот резултат ќе биде голема мотивација пред решавачките пресметки во Јуни со Исланд и Норвешка.
Веќе при првиот разговор со луѓето од клубот, а особено со градоначалникот Кирил Пецаков, ја почувствував искрената желба, сериозната амбиција и големата љубов кон ракометот Таа енергија веднаш ме ...
Градскиот ракометен клуб Охрид денеска ги започна подготовките за натпревачката сезона 2025/26, во која клубот влегува мотивирано со сериозни амбиции Започнува миниум 3 годишниот проект кој го пред...
Фудбалерите на Охрид денес играат контролен натпревар со екипата на Трајал од Крушевац Натпреварот е во рамки на подготовките за новата сезона 2025/26 Натпреварот ќе се одигра со почеток во 18 часо...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.