Македонскиот репрезентативец Горан Пандев беше еден од најзаслужните фудбалери за победата на Наполи 2-0 над Сиена.


Капитенот на фудбалската селекција Пандев во игра влезе во 68-та минута на местото од Гамберини и веднаш донесе разноврсност во играта на “азурите“.

По корнерот на Пандев во 85-та минута, Хамшик одлично ја врати топката во игра, а на Маџо му преостана само полесна работа да ја затресе мрежата на Сиена.

Македонецот во дресот на Наполи беше главен виновник за вториот погодок на Кавани откако над Пандев беше направен пеналот, кој Уругваецот го претвори во погодок.

Резултати : Интер – Џенова 1-1, Сиена – Наполи 0-2, Сампдорија – Лацио 0-1, Палермо – Фиорентина 0-3, Аталанта – Удинезе 1-1, Торино – Киево 2-0, Болоња – Парма 1-2, Рома – Милан

Табела : Јувентус 44, Лацио 36, Фиорентина 35, Интер 35, Наполи 34. . .

Мх.П.