Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев добивал анонимни повици да за го пропушти мечот со Камерун, тврдеше селекторот Мирсад Јонуз во неговото вечерашно гостување во емисијата “Топки +“.

И Пандев и неговата фамилија во целата измината недела добиваа телефонски повици од анонимни броеви за да го пропушти мечот со Камерун , со најава дека целиот стадион ќе го исвиркувал – рече селектор.


Пандев за оваа ситуација во известил селекторот но без разлика на се` се одлучил да настапи на мечот. Измената на полувремето не била со цел да се избегнат евентуалните свирежи туку капитенот се пожалил на повреда и затоа бил заменет.

Тој (Пандев) се пожали на болки во препоните и поради лошиот терен не сакавме ништо да ризикуваме и го оставив во соблекувалната – рече Јонуз.

Јонуз иако знаел не спомена имиња но потенцираше дека вакиот притисок го прави фудбалската опозиција која не бира средства да дојде на чело на ФФМ.

М.П.