За фудбалер кој најуспешно го презентирал Македонскиот фудбал во странство за 2010 година Фудбалската Федерација на Македонија го избра Горан Пандев. Пандев годинава по трансферот во Интер освои пет трофеи меѓу кои и највредните во играчката кариера Лигата на Шампиони и Светското клупско првенство.


Пандев во изборот ги победи Николче Новески од Мајнц и минатогодишниот победник Роберт Попов од Динамо Киев.

Но најдоброто од Македонија, не се појави во Скопје за да ја прими наградата, а место него признанието го прими селекторот Мирсад Јонуз. Ова не е прв пат Пандев да им направи “лажњаци“ на првите луѓе во ФФМ, ниту пред две години кога исто така беше прогласен за најдобар не се појави лично да ја прими наградата.


Напаѓачот пред неколку месеци изјави дека нема да игра за Македонија додека публиката него смени односнот кон националниот тим. Публиката преку веб сајтот на ФФМ го избра за најдобар, но тој одлучи да не ја почести со свое пристуво.

М.П.