Македонскиот интернационалец Горан Пандев беше стрелец на единствениот гол за Наполи во ремито 1-1 на гостувањето кај Сиена.


Пандев ја затресе противничката мрежа со глава по центаршутот на Досена во финишот на мечот. Претходно Кавани не реализираше пенал, а Пандев имаше уште една можност но остана на четири гола сезонава.“Аѕурите“ останаа во трка за местата кои во водат во Лига Европа наредната сезона.

Во наредното коло Наполи гостува кај Аталанта.

М.П.