Англискиот Ливерпул и Рускиот Зенит се клубовите кои се подготвени да го одврзат ќесето и во своите редови да го доведат капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев.

Зенит кон крајот на декември 2009 година испрати понуда до Лацио, чии играч тогаш беше Пандев, вредна 13 милиони евра. Оваа понуда претседателот на Лацио, Клаудио Лотито ја одби со образложение дека Пандев вреди 15 милиони евра.


Англискиот гигант Ливерпул нуди 10 милиони евра на име оштета за македонецот кој би можел во летниот преоден рок да се пресели на Островото.

Ливерпул во изминатиот преоден рок се ослободи од напаѓачот Фернандо Торес, но на негово место го ангажираше талентираниот Енди Керол. Доколку во напаѓачката линија на „црвените“ се додадат уште Луис Суарез, Дирк Кајт и Давид Нгог, тогаш Пандев секако ќе има силна конкуренција и во премиерлигашот.

Нашиот репрезентативец го загуби местото во стартниот тим на
„нероаѕурите“ по доаѓањето на тренерот Леонардо и напаѓачот Џанпаоло
Пацини, а се погласни се шпекулациите од Апенините дека Пандев веќе во
следниот преоден рок ќе го напушти Милано.

Ohridnews