Капитенот на македонската фудбалската репрезентација Горан Пандев го прекина голпостот во Серија А, откако го постигна првиот гол сезонава за нероаурите и тоа против својот поранешен тим Лацио.


Пандев кој беше дочекан на нож од римските навивачи, ја погоди мрежата во 74 минута за намалување на резултатот на 2-1. Последниот погодок во Италија го постигна против Каљари во победата на Интер од 3-1. По цели 1.520 минути, струмичанецот се израдува на подогок.

Актуелниот европски првак Интер, отапатува за ОАЕ каде ќе се игра светското клупско првенство. Пандев има шанса да биде третио македонец кој станал првак на светот. Тоа со Црвена Ѕвезда му успеа на македонскиот фудбалер на векот Дарко Панчев и стоперот Илија Најдоски.

М.П.