Македонскиот интернационалец Горан Пандев го разоткри трансферот на Едисон Кавани во ПСЖ откако му честиташе на официјалниот „Твитер“ профил.

Кавани долго време беше трансфер мета на Челси, Манчестер Сити и Реал Мадрид, но богатите шеици беа тие кои „искешираа“ повеќе од 60 милиони евра и го ангажираа Уругваецот.

Со ангажман на Кавани се отвара вратата за сензационален трансфер на Златан Ибрахимовиќ во Реал Мадрид. Тој пред четири сезони од редовите на Интер ја засили Барселона, но по една мината година се врати во Милано, но на „црвено црниот“ дел.

Мх.П.