Kапитенот на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев и селекторот Игор Ангеловски имаа едногласна одлука за поделба на бодовите во изборот за најдобриот фудбалер на ФИФА.

Пандев и Ангеловски со пет поени го наградија Кристијано Роналдо, трите поени му ги доделија на Лионел Меси, а едниот на голманот Џиџи Буфон.

Токму португалскиот фудбалер ја освои престижната награда и втор пат во низа е одбран за најдобар играч во светот. Фудбалерот на Реал Мадрид и членот на португалската репрезентација во трката подобар беше од Меси и Бразилецот, Нејмар.

Интересно, Роналдо и Меси кои се капитени на своите земји и имаат право на глас повторно се избегнаа и не си доделија гласови меѓу себе. Португалецот гласаше за соиграчите од Реал Мадрид, Лука Модриќ, Серхио Рамос и Марсело, додека Меси гласовите им ги даде на Луис Суарез, Андрес Иниеста и Нејмар.

Кристијано Роналдо пред Меси и Нејмар во светот на фудбалот

OhridNews