Шпанецот Рафа Бенитез официјално беше преставен како нов тренер на калчолигашот Наполи, каде со успех настапува капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев.
Бенитез во Наполи доаѓа по шест месечниот престој во Челси каде ја освои Лигата на Европа. Пандев и Бенитез соработуваа заедно за време на нивниот престој во Интер. Интер и Пандев под водство на Бенитез го освоија италијанскиот суперкуп и Светското клупско првенство.
При неговата промоција, Бенитез истакна дека прва негова цел ќе биде да го задржи уругвајецот Едисон Кавани во “азурниот“ дрес.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com