Стрелачката Нина Балабан ќе биде единствен охридски преставник во македонската експедиција на Олимписките игри во Рио откако атлетичарите од Охрид, Мартина Мироска и Славчо Мирчески не успеаја да ги обезбедат потребните бодови.


Македонија на Олимпијадата која ќе се одржи во бразилскиот град Рио од 5 до 21 август во атлетиските дисциплини ќе ја преставуваат Ристе Пандев (100 метри) и Дрита Исљами (400 метри со пречки).

Тоа е веста што ја лиферува Македонскиот олимписки комитет (МОК), а во која се вели дека врз основа на барање на МОК испратено до ИААФ, Пандев и Исљами добиле покана да настапат на ОИ во Рио.


Пандев и Исљами им се приклучуваат на стрелачката Балабан која прва доби покана за настап во Рио и џудистикaта Катерина Николовска.

OhridNews