Македонскиот репрезентативец Горан Пандев по четврти пат го освои златниот медал во “Копа Италија“. Четата на Валтер Мацари во финалето го совлада шампионот од “Калчо лигата“ Јувентус со 2-0.


Наполи до четвртиот трофеј во Купот на Италија, стигна благодарение на погодоците на Кавани од пренал и Хамшик во вториот дел од мечот.

Капитенот на “црвено жолтите“, Пандев во игра влезе на местото од Лавеци, над кој беше направен пеналот во 63-та минута. Пандев во 83-та минута асистирише до Хамшик, кој стави точка на мечот и пехар за “азурите“ по пауза 25 години.

Во финишот на натпреварот фудбалерот на Јувентус, Рикардо Кваљареал заработи црвен картон откако без топка со лакто го удри Ароника.

Мх.П.