Екипата на Наполи на македонскиот интернационалец Горан Пандев со чисти 3-0 го го совлада Лацио, во дерби мечот од прекуредното коло во Серија А.
Пандев одигра солидни 70 минути против својoт поранешен клуб, но шоуто го украде Едисон Кавани кој три пати ја погоди мрежата на “небесно сините“, а во финишот на мечот промаши и удар од 11 метри.
По овој тримф Наполи се изедначи на врвот на табелата со Јувентус. Двете екипи имаат по 13 бода.