Екипата на Наполи го освои трофејот во Купот на Италија совладувајќи ја Фиорентина во финалето со 3-1. Лоренцо Инсиње со два брзи погодоци во 11-та и 17-та минута донесе водство од 2-0 за „азурите“, десет минути подоцна Варгас намали на 2-1, а конечните 3-1 ги постави Мертенс.

За македонскиот интернационалец Горан Пандев, кој во финалето настапи од 70-та минута е петти трофеј од натпреварите во Купот на Италија.

Мх.П.