Капитенот на Наполи, Паоло Канаваро е фокусиран на реванш мечот до Лигата на Шампиони в среда против Челси. Мечот доаѓа во важен момент од сезоната за „аѕурите“ на Мацари кои ќе ја бранат предноста од 3-1 стекната по првиот меч.

– Притисокот, но и очекувањата се огромни, но потребно е да го пречекаме овој момент со „ладни“ глави. Сигурно дека и ова што го направивме досега е голем успех, а сите ние го посакуваме четвртфиналето, и ќе направиме се да стигнеме до него. Заминуваме со предност, но ќе играме како да е 0-0 – рече пред заминувањето за Лондон , Паоло Канаваро.

Македонскиот интернационалец Пандев, кој ги одигра сите 90 минути во триумфот над Кљараи со 6-3, најверојатно мечот ќе го започне од клупата за резервни фудбалери. Пандев во дресот на Интер пред две сезони го елиминираше Челси на патот кон освојување на европската круна.

Ohridnews