Единствените кандидати за освојување на шампионската титула во калчо лигата, Милан и Јувентус, ќе играат на гостински терен во 28-та првенствена рунда.
Милан, кој на врвот создаде комотна предност, од чети бода, во однос на Јувентус, за противник ќе ја има Парма, тим кој пред две кола одигра нерешено со „старата дама“.
Јуве е во серија на нерешени резултати, вкупно четири, поради кои ја загуби првата позиција. Екипта на Антонио Конте, во оваа рунда ќе патува во Фиренца, кај Фиорентина која не може да се пофали се добри резултати оваа сезона.
Дерби на 28-то коло е дуелот помеѓу Удинезе и Наполи, екипи кои се во трка за третото место на табелата. Удинезе е во променлива форма, додека Наполи серијата од шест победи ја прекина во средата против Челзи.
За третото место се бори и Лацио, римјаните ги очекува исклучително тешко гостување кај Катанија. Интер, веќе три кола не знае за победа на домашен терен, во оваа рунда ќе ја пречека Аталанта, додека Рома за противник ја има Џенова, екипа која во последните три рунди одигра три пати нерешено.
Двојки: Парма-Милан, Фиорентина-Јувентус, Каљари-Чезена, Интер-Аталанта, Болоња-Киево, Катанија-Лацио,  Сиена-Новара, Лече-Палермо, Удинезе-Наполи
28-то коло ќе биде комплетирано во понеделник со мечот Рома-Џенова. 
“макфакс“
Ohridnews