Македонскиот интернационалец Горан Пандев е во центарот на вниманието во италијанската јавност по маестралниот натпревар одигран против Јувентус. Пандев два пати ја тресеше мрежата на Буфон, потсетувајќи ја големата класа која ја има македонскиот фудбалер.

– Одигравме одличен меч, но не успеавме да победиме и навистина жалам што мечот заврши 3-3. Подзастанавме во финишот што се должи на нашиот замор бидејќи играме секои три дена. Сакав да постигна гол по секоја цена, напорно работев во изминатиов период, мака мачев со повредите , но ја имав подршката од сите во клубот, од тренерот од мојата фамилија. Трудот секогаш се исплати – рече за италијанските медиуми, македонскиот капитен Горан Пандев.

Според веб порталот goal.com македонскиот интернационалец беше избран за играч на мечот. Највисоката оцена 8 е доделена за напаѓачот кој мечот го започна со жолт картон, а потоа два пати распали по еден од најдобрите светски голмани.

Задоволен од изведбата на Пандев беше и претседателот на Наполи, Де Лаурентис кој не штедеше пофални зборови за македонскиот ас.  – Воодушевен сум од вториот гол на Горан. Се врати во шапмионската форма и секако дека ќе биде еден од клучните играчи во нашиот тим. За мене мечот заврши 4-3, бидејќи поништен ни беше голот од пенал кој го изведе Хамшик – истакна Де Лаурентис.

Видео : Пандев два пати погоди во супер дербито на Италија

М.П.