Рома – Интер вечерва од 20:45 часот ќе се судрат на “Олимпико“ во најинтересниот натпревар викедов во Серија А. Во составот на Интер е најавен македонскиот репрезентативец Горан Пандев. Слабата форма и само двата бода досега го запалија црвеното светло во таборот на „римската волчица“, затоа само победа против шампионот Интер може да ја поправи лошата ситуација во клубот.


Петтото коло од Италијанското фудбалско првенство ќе биде отворено со натпреварот од 18 часот во кој играат Милан и Џенова.

Утре на програмата се другите натпревари од ова коло: Чезена – Наполи (12:30 ч.) Бари – Бреша, Катаниа – Болоња, Киево – Лацио, Фиорентина – Парма, Палермо – Лече, Сампдорија – Удинезе (15 ч.) и Јувентус – Каљари (20:45 ч.).

Табела: Интер 10 бодови, Киево и Бреша по 9, Катаниа, Лацио и Чезена по 7,…