
На последниот натпревар против Рома, Пандев ја обнови повредата на глуждот на левата нога и по првите прогнози нема да настапи на мечевите против Фиорентина (во сабота) и против Вердер (во вторник во ЛШ).
По натпреварот е констатиран оток на глуждот поради кој најдобриот македонски репрезентативец може да го пропушти и евро-квалификацискиот натпревар против Хрватска, кој на 17 ноември се игра на Градскиот стадион во Скопје.










