Горан Пандев со маестрален погодок во 90-та минута ја запечати победата на Џенова (3-1) над Верона во натпреварот од 34-та рунда во Серија А.

Капитенот на „црвено жолтите“ во игра влезе во 81-та минута, а до крајот успеа да ја завери победа со гол во последната минута од регуларниот дел. Претходно, Џенова поведе со 1-0, а гостите израмнија 1-1. Во последните 15 минути Џенова со два голови стигна до победата.

Џенова се зацврсти на средината од табелата и во мирна и релаксирана атмосфера може да ги одигра последните мечеви од Серија А.

OhridNews