дека доколку Наполи сака да напредува, тогаш не смее да си дозволи да ги
продаде најдобрите поединци во тимот.
„Доколку Наполи сака да продолжи да расте како клуб тогаш Едисон Кавани,
Марек Хамшик и тренерот Валтер Мацари, мора да останат во клубот.
Тренерот е одличен, тој фантастично работи, мислам дека е најдобар
италијански тренер. Навистина се надевам дека ќе остане во клубот.
Наполи, викендов ќе му гостува на Милан, екипата на Пандев се наоѓа на
второто место на табелата со четири бодови повеќе од Милан.
„Нема да биде лесно да се победи на „Сан Сиро“, но тоа не е невозможна мисија“, рекол Пандев.
Македонскиот репрезентативец сезонава има постигнато четири погодоци за Наполи во италијанската Серија А.