Македонскиот интернационалец Горан Пандев е пред заминување од Наполи, а тренерот Рафаел Бенитез сака да го искористи како „мамка“ за доведување во Неапол, Ерик Ламела.

По доаѓањето на Бенитез во Наполи, Пандев добива малку шанси за настап и ако добие најчесто во игра влегува од клупата.

Наспроти него Ламела по трансферот во Тотенхем од Рома разочара и залудно „петлите“ платија огромни 30 милиони евра, а сега ќе го продадат за далеку помала сума.

Аргентинскиот репрезентативец не крие дека сака да се врати на Апенините и да се врати на старите патеки.

Мх.П.