Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев се најде меѓу “недопирливте“ во тимот на Наполи. Пандев заедно со Кавани, Лавеци и Хамшик се најде на постер мотивиран од филмот “Недопирливи“ во кој Елиот Нес го апси популарниот бос Ал Капоне.

Неодамна неколку фудбалери на Наполи биле рекетирани од страна на италијанските босови на подземјето. Постерот е цврста порака што клубот мисли за ваквите испади на нефудбалските кругови.