Капитенот на македонската фудбалска репрезентација , Горан Пандев најави игра на победа на нашиот национален тим против најдобрата селекција од Африка, Камерун на средбата која ќе се одигра на Националната Арена Филип Втори со поч. Во 17.30ч.


На прес конференцијата на која присуствуваа селекторите Јонуз и Клементе како и капитените на обете селекции Пандев и Ето , фудбалскиот тандем од Интер подели многу комплитенти за обете селекции и најави извонредна фудбалска претстава.

– Сигурно дека Камерун има позвучни имиња во својот состав од Македонија, но сепак тоа е предизвик за нас да прикажеме добра игра и ги презентираме вистинските вредности на нашиот тим пред продолжението на квалификациите во Март-истакна селекторот Мирсад Јонуз.


За камерунскиот селектор, Хавие Клементе кој по вторпат доаѓа во Македонија, (претходно како селектор на Шпанија), ова е многу поразличен дуел од оној пред 15-години кога Шпанија славеше со 2-0, бидејќи е пријателски и можност за воигрување и подобро запознавање на фудбалерите.

– Го знам Пандев и тоа е доволно за мене како показател дека ќе играме против силна селекција како што е Македонија. На снимките што ги видов се гледа дека имаат силен тим кој знае што сака и затоа очекувам добра фудбалска претстава-истакна Ето.

Ohridnews